Да не се лажеме дека Бугарија е послаба од Данска

Косово денеска на домашен терен ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство 2020 година, а прв предизвик им е Бугарија. Домаќините се полни со оптимизам, посебно по одиграното реми (2-2) против Данска од пред неколку дена. Сепак, селекторот на Косово, швајцарскиот стратег Бернард Шаланд, предупредува дека ќе биде многу тешко да се стигне до трите бода.

„Ако мислиме дека Данска е подобар тим од Бугарија, тоа може да ни создаде проблеми. Бугарија е компактен и агресивен тим. Многумина од нивните фудбалери се со големо искуство. Ако треба да споредувам со други мечеви, за мене ова е најтешкиот противник до сега. Очекувам многу борба за секоја топка на средината на теренот“, вели селекторот на Косово, Шаланд.

На последниот тренинг, Косово имаше поддршка и од околу 500 навивачи, а се очекува стадионот во Приштина вечерва да биде исполнет дo последно место.

 

 

- Оглас -

Најнови вести