Да не си му во кожа на Иличиќ, неверството на жена му е причина за депресијата?

Словенечкиот фудбалер Јосип Иличиќ го нема на последните неколку натпревари на Аталанта, а нема да игра ниту против Пари Сен Жермен во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Причината не е повредата која наводно ја имал, туку депресијата. На Иличиќ не му е до играње фудбал во последно време, а се шпекулира дека наводно тој ја начекал жена му како го изневерува со друг маж.

Иличиќ и жена му, Тина Половина, имаат две ќерки.

Медиумите во Италија објавија, а и од клубот Аталанта потврдија, дека Иличиќ заминал во Словенија поради приватни проблеми. Има верзија според која депресијата кај него се појавила поради коронавирусот и постојаните рестрикции, па заминал во Словенија за да се види со најблиските. Неговото отсуство ќе биде сериозен хендикеп за Божицата од Бергамо, бидејќи Јосип сезонава даде 21 гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести