Да не ви биде досадно – НБА со подарок за фановите на најдобрата кошарка на светот

НБА-лигата е прекината поради Коронавирусот, а челниците на најсилната кошаркарска лига на светот одлучија да им подарат на сите фанови бесплатен пристап до натпреварите, најдобрите моменти и разни емисии од тековната сезона.

Бесплатен од денеска е популарниот „League pass“, кој во нормални околности се плаќа за да можат да се гледаат во живо натпреварите од НБА-лигата.

Сè уште не се знае кога ќе продолжи сезоната, која е во прекин, откако Руди Гобер беше позитивен на тестот за Коронавирус, а потоа се појавија и нови случаи, а од вирусот се заразија и Донован Мичел, Кевин Дурант и уште неколку кошаркари.

Регистрацијата која е едноставна можете да ја направите на сајтот NBA.com, а засега не е објавено дали ќе може бесплатно да се гледаат натпреварите кога ќе продолжи сезоната.

- Оглас -

Најнови вести