Да нема карање: Со лист-камен-ножички решија кој да шутира слободен удар (Видео)

Динамо Киев синоќа со 2:1 го победи Гент на гости и се најде на чекор од влез во групната фаза од Лигата на шампиони. Украинскиот тим само по девет минути стигна до водство и потоа гостите играа многу посамоуверени. Во 24-тата минута беше досуден слободен удар за Динамо, а напаѓачот Карлос де Пења и играчот за врска Микола Шапаренкц се фатија за топката и сакаа да шутираат кон противничкиот гол.

За да нема карање кој да шутира, двајцата играчи се согласија проблемот да го решат со игра. Беше употребена популарната игра „лист-камен-ножички“, а победи Пења, кој доби шанса да го изведе слободниот удар, но голманот на домаќините одбрани.

- Оглас -

Најнови вести