Да покажеме колку го сакаме ракометот, сите заедно во поддршка за девојките!

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, објасни какво значење има одржувањето на женското Европско првенство за ракометните работници, но и за цела јавност, од која побара голема поддршка за девојките кои ќе бидат наши спортски амбасадори во наредните неколку дена.

„Во изминатите 15 години често бевме дел од европски и светски првенства, но како навивачи или претставници на Федерацијата. Сега за првпат сме во ситуација да го донесеме Европското првенство тука, во нашето Скопје, во нашата Македонија. Тоа е огромна чест, голема благодарност до ЕХФ што ни го овомозжи тоа, а сега наше е да се покажеме во вистинско светло и на вистински начин. Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, да ги бодриме нашите девојки. Сакаме да покажеме дека можеме да се носиме на сите полиња, организациски и спортски“, изјави Мукаетов.

Гордана Нацева, која е амбасадор на шампионатот, им порача на младите дека наредните десетина дена најубаво место за излегување ќе биде салата „Борис Трајковски“.

Македонската репрезентација својот прв меч го игра утре од 18 часот против Франција.

- Оглас -

Најнови вести