6053 Македонија – Словенија (18ч)
Не треба многу да се филозофира околу типување на овој меч, Македонија по подолг период ќе игра пред своите навивачи во Скопје и сите очекуваат по 90 минути да се слушне радост при победа над Словенците.
За тимот на Ангеловски тоа не е нешто непознато, го надиграа составот на Кек во октомври 2019 година со 2-1 на домашно тло во евроквалификациите, резултат кој без проблем може да се повтори иако се работи за контролен меч. Резултат во своја корист остварија Рисовите и во првата пресметка против Словенија во Скопје, тоа беше во 2012 година, исто така во пријателска средба со 3-2, додека се памети реми и пораз на нивен терен.
Без повредениот Несторовски и Барди, кој боледува од ковид-19, Македонија сепак ќе оди на триумф, што ќе биде претстава за тоа како ќе изгледа нашиот национален состав на претстојното Европско првенство.
Предлог тип: 1 (2.40)
6722 Словачка – Бугарија (18ч)
Не треба многу да се очекува од Бугарите кои ќе бидат во улога на спаринг-партнери на Словачка. Домаќините се загреваат за ЕП и треба да ја оправдаат фаворитската улога против селекцијата која од ноември 2020 година нема запишано триумф.
Ова ќе биде четврти котролен меѓусебен дуел на двете селекции, а претходно Словачка на двапати како домаќин славеше со 2-0 во далечната 1999 година и со 3-1 во 2006 година. Бугарија памети една победа од 2-0.
Иако ги немаат одмерено силите веќе 15 години, Словачка ќе го продолжи трендот успешно да го брани домашниот терен.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.50)
6723 Полска – Русија (20:45ч)
Двете селекции ќе играат на ЕП, па решија меѓу себе да се загреваат за големото натпреварување, а според двете претходни средби на Полска и Русија, може да се донесе заклучок дека голови нема да недостасуваат во Вроцлав.
Од таборот на Полска најавија дека Левандовски нема да биде стартер со цел да се избегне непосакуван проблем, што можеби ќе ги охрабри Русите да издвојат победа. Само два дуели одиграле овие две репрезентации, пријателска со ефикасни 2-2, како и реми од 1-1 на ЕП 2016 година во групната фаза.
Предлог тип: ГГ (1.77)
2621 Сундсвал – Јонкопингс (18:30ч)
Сундсвал се надева дека ќе забележи триумф со кој ќе избие на лидерската позиција во Втората лига на Шведска. Иако во четири од последните пет меча на овие две екипи немало победник, Сундсвал го доби последниот дуел на домашен терен со 3-2 и верува дека може да го повтори исходот.
Јонкопингс во меѓувреме стави крај на лошата серија од пет меча без победа во шампионатот, но со оглед на тоа дека од 2006 година наваму само двапати оствари гостинска победа кај Сундсвал, мали се шансите да направи изненадување.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.80)
1347 Атлетико Мадрид жени – Барселона жени (17:45ч)
Дамите на Барселона неодамна ја прославија тројната круна, односно на четири меча до крајот на шпанското првенство ја осигурија титулата со засега максимален учинок од 28 победи на исто толку меча.
Каталонките држат неверојатен учинок од 139 погодоци, а само седум примени во беспрекорниот поход кон титулата, статистика од која Атлетико треба да се плаши да не биде потопен.
Барса славеше во три од последните пет меѓусебни дуели против Атлетико, односно загуби на пенали во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија. Во лигашки рамки Јорганџијките немаа триумфирано од декември 2016 година, победа која и натаму ќе ја паметат како последна против доминантниот состав на Барселона.
Предлог тип: 4+ (1.61)