2299449

Да сум на местото на Чави, никогаш не би прифатил да бидам тренер на Барса со ваква управа

Со Жоан Лапорта на чело на клубот, Барселона оствари феноменални успеси во периодот од 2003 до 2010 година. Политичарот повторно планира да биде претседател на актуелниот шпански првак откако претходно најави кандидтура на следните избори, а во меѓувреме ја критикуваше сегашната управа преку Чави, клупската легенда.

„Да сум на местото од Чави, никогаш не би прифатил да бидам на Барселона со ваква управа“, истакна Лапорта.

Овој коментар се дожли на шпекулациите поврзани со Чави и Барселона, дека токму поранешниот виртуоз ќе ја предводи екипата во иднина. Чави пак, пред неколку дена потпиша нов договор со катарскиот клуб Ал-Сад, што значи засега Сетјен нема да биде сменет, барем не со човекот поголемиот дел од кариерата го мина на „Камп ноу“.

Во меѓувреме Барселона многу веројатно останува без круната во Шпанија, бидејќи на Реал Мадрид му треба уште само една победа за да стигне до рекордната 34-та титула во Ла Лига. Најголем дел од неуспехот на Каталонците се должи на лошот раководство предводено од Жозеп Марија Бартомеу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести