Џек-потот му падна на Келн – Даде 9 гола на три меча, па доби наградно отсуство од тренерот

Роберт Левандовски доби слободен викенд од Ханси Флик и не отпатува за Келн за дуелот што денеска Баерн ќе го игра од 15.30 часот во шестото коло од Бундеслигата.

Најдобриот светски играч за ланската сезона и најдобар стрелец на Баерн во континуитет, ќе одмори за да биде подготвен за мечот од Лигата на шампионите, во вторник против Салцбург.

Левандовски е во страшна форма и на последните три меча во Бундеслигата постигна неверојатни 9 гола, што е просек од хет-трик по натпревар.

Полјакот повторно направи одлична дистанца пред конкурентите за топ-стрелец во Германија и е лидер со 10 гола, пред Андреј Крамариќ од Хофенхајм со шест и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд со двојно помалку голови.

Левандовски е најдобар стрелец во Бундеслигата трипати по ред, а беше крал на стрелците во Германија во пет од последните 7 изданија.

 

- Оглас -

Најнови вести