Даде два гола против Реал, Дешамп го израдува со прв повик во репрезентацијата

Одличните настапи на Маркус Турам, напаѓачот на Б. Менхенгладбах, не останаа незабележани. Брзоногиот офанзивец блеска во дресот на бундеслигашот, особено во досегашниот тек во Лигата на шампионите, каде што по три меча, забележа учинок од два гола и две асистенции.

Погодоците кои ги постигна против големиот Реал Мадрид, му обезбедија на Турам прв повик во сениорската репрезентација на Франција. Синот на легендарниот дефанзивец Лилијан Турам ги помина сите младински категории на Триколорите, а во ноемврискиот циклус првпат ќе добие прилика да го облече дресот на актуелниот светски првак.

На 23 години Турам би требало да ја искористи оваа шанса да се стационира во ростерот на селекторот Дидие Дешамп, а нема сомнежи дека ќе му конкурира на искусниот Оливие Жиру за место во стартните 11.

Франција во средината од овој месец ќе одигра три натпревари. Пријателска средба против Финска на 11 ноември, додека на 14, односно 17 има обврски во Лигата на нациите против Португалија, односно Шведска.

 

- Оглас -

Најнови вести