Даде еврогол од половина терен, но мораа пет минути да ги убедуваат судиите да го признаат (Видео)

Неверојатна ситуација се случи во италијанската Серија Ц, на мечот меѓу Беневенто и Турис. Домаќините победија со 3:2, а моментот кој го одбележа дуелот се случи на средината од второто полувреме.

Беневенто водеше со 2:0, кога гостите преку Де Фелис намалија на 1:2 и тоа со еврогол псотигнат од речиси половина терен. Топката која леташе над 40 метри удри директно во долната конструкција од голот и веднаш се одби и излезе од голот.

Дел од играчите помислија дека е статива и продолжија да играат. Сепак, поголем дел од гостинските фудбалери забележаа дека топката влезе во голот и започнаа со протести кон главниот судија кој не ја процени добро оваа ситуација. Дури и помошничката не приметила дека топката заврши во голот, па не сакаше да го потврди погодокот.

Во Серија Ц не постои ВАР систем, но за среќа, на крајот, четвртиот судија беше тој кој имаше храброст правило да ја процени ситуацијата и сугерираше кај главниот арбитар дека голот е регуларен.

- Оглас -

Најнови вести