Даде гол и се расплака, а го расплака и татко му (Видео)

Венецуелскиот фудбалер Џанкарло Малдонадо даде гол во 92-рата минута за 2-2 и тоа требаше да биде голема сатисфакција за него, но не. Малдонадо почна да плаче од тага, а заплака и неговиот татко, кој е тренер на противничката екипа.

Во првенството на Венецуела, најдобрите осум тима одат во плејоф, а до пред овој меч и екипата Пуерто Кабелјо на тренерот Карлос Малдонадо беше во првите осум, но во судиското продолжение Депортиво Тачира даде гол со којшто го исфрли противникот од учество во битка за титулата.

Стрелецот знаеше каква штета му нанесе на татко му и почна да плаче. Публиката се радуваше, но на Џанкарло му беше жал што постигна гол. Се обиде со дрес да си го покрие лицето бидејќи емоциите целосно го совладаа. Резултатот од 2-2 не му одговараше никому бидејќи ниту едните ниту другите не се најдоа во плејофот.

Еве го голот на Малдонадо:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести