Даде гол, па 3.088 дена никако не погодуваше, денеска пак постигна гол

Ајнтрахт и Вердер ремизираа во Франкфурт со 2-2, откако гостите имаа предност од 1-0 по првите 45 минути. Потоа се случи пресврт, кој го најави Себастијан Роде, кој за првпат по осум и пол години повторно се запиша во листата на стрелците.

Роде има три гола во бундеслигашката кариера, а вториот му беше на 23 април 2011 година. Третиот го даде денеска, цели 3.088 дена по претходниот погодок. Победата на домашните требаше да им ја донесе Андре Силва во 88-мата минута, но сметките им ги расипа Милот Рашица во 91-вата минута од пенал, па гостите од Бремен освоија бод.

- Оглас -

Најнови вести