Даде гол за победа на Швајцарија, но мораше да се извинува за поразот на неговата родна земја (Видео)

Швајцарија мнимално со 1:0 го победи Камерун во првиот меч од денешната програма на Светското првенство во Катар. Голот за победа на европската репрезентација беше постигнат на почетокот на второто полувреме, а стрелец беше Брел Емболо.

За Емболо ова е прв гол на Светските првенства, а напаѓачот на Швајцарија воопшто не се израдува. Откако погоди во мрежата на Камерун, стрелецот дури и ги подигна рацете во воздух во знак на извинување.

Многу е јасна оваа реакција на Емболо затоа што Емболо е Камерунец, роден во оваа африканска земја, но како дете неговите родители емигрирале во Европа и сега настапува за Швајцарија. Судбината сакаше токму првиот гол за него на Светските првенства да биде токму против неговата родна татковина.

 

- Оглас -

Најнови вести