Даде гол за победа над Бразил и веднаш доби црвен картон! (Видео)

Камерун со победа над Бразил од 1:0 се прости од Светското првенство во Катар. Африканската репрезентација го искористи фактот дека Бразилците играа со „вториот“ состав и успеаа да се израдуваат на триумф.

Голот за победа на Камерун го постигна Винсент Абубакар во 91 минута од средбата. Веднаш по постигнатиот гол, Абубакар од радост го соблече дресот, заборавајќи дека веќе има еден жолт картон.

Судијата веднаш му покажа нов жолт картон, што автоматски значеше и исклучивање на стрелецот на голот за Камерун.

- Оглас -

Најнови вести