Даде мангупски гол од слободен удар, го фати голманот на спиење (Видео)

Српскиот фудбалер Андрија Луковиќ синоќа со интересен гол од слободен удар му донесе победа на Фамаликао на гостувањето кај Санта Клара од 2-1 во португалската лига.

Беше досуден слободен удар за Фамаликао, и поради позицијата од која требаше да се изведе, сите очекуваа Луковиќ да нафрли, но наместо тоа, тој реши да ги изненади противниците, најмногу голманот, и шутна директно во голот. За негова среќа, го фати голманот неподготвен за такво нешто и топката влезе во голот. Трикот на фудбалерот кој пред осум години на Србите им донесе светска титула во конкуренција на играчи до 19 години, успеа.

- Оглас -

Најнови вести