Напаѓачот на Палмеирас, Рони, постигна убав гол со глава со кој во раната фаза на мечот најави победа против Емелек на гости во Копа Либертадорес, но потоа и се посрамоти со невидена утка.
Шпицот на бразилскиот гигант погоди одлично во 19-тата минута и му донесе предност на Палмеирас од 1:0, а потоа му се случи чуден кикс.
Во ситуација кога беше сам пред голот на Ортис, се обиде со лизгачки старт со удар со глава од два метри да ја смести топката во мрежа, но таа во чуден лак и речиси на невозможен начин замина крај голот, во гол-аут.
O Rony perdeu um gol INACREDITÁVEL (por que ele foi de cabeça?!). Aí, na saída de bola, Joao Rojas aproveitou cochilo do Mayke pra diminuir: Emelec 1×2 Palmeiras#Libertadores pic.twitter.com/cLEVFrtPBt
— Goleada Info (@goleada_info) April 28, 2022
На потегот и неверојатната утка се чудеше и самиот фудбалер, а за негова среќа, сепак, промашувањето што ќе конкурира за најголемо во 2022 година не влијаеше на кончениот исход, па Палмеирас со победа од 3:1 ги освои бодовите.