Далас без Дончиќ нема што да бара во Индијанаполис

Индијана пејсерс – Далас маверикс (01ч)

Како што е веќе познато, Индијана не го дава лесно домашниот терен оваа сезона, па така ќе биде и во овој дуел против ослабените Маверикс. Лука Дончиќ ја отслужува паузата поради повреда, што значи дека Далас без својот најдобар кошаркар тешко дека ќе успее да приреди изненадување во Индијанаполис.

Ова ќе биде сефте средба на Индијана и Далас сезонава, а во последниот дуел кој се одигра во салата на Пејсерс, домаќините славеа убедливо. Иако Маверикс се втора најефикасна екипа од Западот по бројот на гостински победи, отсуството на Дончиќ ќе влијае и овој меч нема да го добијат.

Предлог тип: 1 хен. -5,5 поени (1.90)

 

Атланта хокс – Бостон селтикс (01:30ч)

Атланта ќе биде десеткувана за овој меч бидејќи шестмина играчи сигурно ќе отсуствуваат поради повреди, додека настапот на првата ѕвезда Тре Јанг е под знак прашалник. И кај Келтите ќе недостасува клучниот Кемба Вокер, не се знае каква е состојбата со Кантер и Смарт. Фактот што и кај двете екипи ќе играат резервни играчи може да значи дека ефикасноста нема да биде на потребното ниво.

Кошаркарите на Бостон славеа во последните пет меѓусебни дуели против Атланта во кои реализираа 110 или повеќе поени, а во зависност од расположението на Браун и Тејтум, таа граница може да се стигне.

Предлог тип: <220,5 поени (2.0)

 

Мајами хит – Филаделфија севентисиксерс (01:30ч)

Сиксерси се најдобриот тим од Истокот со учинок на домашен терен, меѓутоа како гости воопшто не се снаоѓаат сезонава. Нивниот биланс е 9-17 надвор од својата сала и не им се пишува добро што гостуваат кај екипа која сезонава претрпе само три порази во 24 меча на домашен терен.

Тренерот Сполстра изгради тим со кој Жешките повторно ќе се појават на разигрувањата, па сега нивна цел е да го добијат и третиот последователен дуел против Филаделфија пред свои навивачи. Сиксерси во досегашниот дел од мини-турнејата претрпеа два порази, па им следи уште еден во низата.

Предлог тип: 1 хен. -4,5 поени (2.15)

 

Жа Морант (Мемфис гризлис – Детроит пистонс, 02ч)

Одлична дебитанстка сезона има новакот на Мемфис, во просек постигнува 17,5 поени по натпревар и често знае да предизвика овации со атрактивните забивања. Морант дефинитивно е фаворит за наградата за најдобар новак во НБА-лигата, па затоа и во овој меч се очекува негов блесок и ефикасна партија.

Во претходниот меѓусебен дуел кој се одигра во Детроит, а славеа Гризлис, Морант заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 12 асистенции, што значи дека му одговара да игра против Пистонс.

Предлог тип: Ж. Морант >17,5 поени (1.87)

 

ЛА клиперс – Сан Антонио спарс (04:30ч)

Сан Антонио вторпат сезонава ќе гостува во „Стејплс центарот“, каде што ќе ги одмери силите со Клиперс. Во првата пресметка Спарси не поминаа добро, нивниот поранешен играч Кавај Ленард ги уништи со дабл-дабл од 38 поени и 12 скока, па нема да биде изненадување ако Канџата повторно се фокусира да одигра на врвно ниво.

Клиперси воедно ќе сакаат да воспостават победнички ритам бидејќи пред две ноќи беа сигурни против Минесота, а за Сан Антонио ќе продолжат проблемите надвор од нивниот дом.

Предлог тип тип: 1 & <227,5 поени (2.45)

- Оглас -

Најнови вести