Далас и Дончиќ добија нова газдарица, а тоа е петата најбогата жена во светот

Долгогодишната политичка активистка Миријам Аделсон од Израел и нејзиното семејство го купија доминантниот дел од акциите на НБА-клубот Далас маверикс. Новата сопственичка сега поседува 73 отсто од акциите, а останатите 27 отсто ги задржа досегашниот газда, Марк Кјубан, а челниците на НБА ја одобрија оваа трансформација.

Новата газдарица за купување на тие 73 отсто од акциите плати околу 3,9 милијарди долари и стана една од ретките жени која е доминантен сопственик на еден спортски клуб во САД. Аделсон се смета за петта најбогата жена во светот, а нејзиното богатство се проценува на 32,3 милијарди долари, што ја рангира на 44-тото место на најбогати луѓе во светот.

- Оглас -

Најнови вести