Далас ќе му ја исполни желбата на Дончиќ, кај Маверикс доаѓа омилениот тренер на Лука

Лука Дончиќ повторно ќе соработува со тренерот со кого заедно ја освоија европската титула во 2017 година со Словенија ако се реализира најавата дека Маверикс ќе го ангажираат Игор Кокошков.

Кокошков до неодамна имаше двојна улога, беше селектор на Србија и сè уште е тренер на Фенербахче, но има големи шанси по вторпат да биде главен тренер на тим од НБА-лигата.

Со Србија доживеа неуспех во олимписките квалификации и во финалето загуби од Италија, па си поднесе оставка. Фенербахче веројатно нема да му прави проблем да замине во Далас и повторно да му биде тренер на Дончиќ.

Заедно во 2017 година му се радуваа на еврпспкото злато на континенталниот шампионат. Кокошков има искуство во НБА-лигата, беше асистент во неколку клубови и главен тренер на Феникс санс во сезоната 2018/19.

 

- Оглас -

Најнови вести