Далас пополноќ го повлекува бројот на легендарниот Дирк Новицки

Дирк Новицки е ако не најголема, тогаш меѓу најголемите легенди на Далас маверикс.

Германецот во текот на целата своја НБА кариера го носеше дресот на овој тим и покажа дека и во овој спорт, каде што играчите ги менуваат клубовите како на трака, дека постои верност.

Пред почетокот на средбата со Голден Стејт ворирорс која е закажана за 01:30 часот, Мавси ќе одржат церемонија на која што ќе го пензионираат бројот 41, во чест на нивната клупска легенда Новицки.

Тој го носеше овој дрес и број 21 година, а во 2011 практично сам ги предодеше до титулата во НБА лигата, кога воедно зема и награда за најкорисен играч во финалната серија против Мајами хит.

- Оглас -

Најнови вести