
Македонската фудбалска експедиција утрово го напушти Сараево каде синоќа одигра 0-0 со БиХ, и веќе слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. В понеделник за екипата на селекторот Гоце Седлоски претстои нова пријателска средба со силен противник кој е учесник на Светското првенство.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Шукру Сарачоглу“, в понеделник од 18.30 часот по македонско време.

