Далас првпат сезонава победи без Дончиќ, и тоа на гости

Далас маверикс победи на гостувањето кај Јута џез со 124:111, а ова е прва победа сезонава за нив кога во составот го нема Лука Дончиќ. Јута ја доби првата четвртина со 12 разлика, но потоа на теренот доминираа гостите. Во останатите три четвртини, Далас беше подобар и ги добиваше барем со по шест разлика и на крајот заслужено стигна до убедлив триумф.

Младите Џош Грин и Џејден Харди беа предводници на Далас со по 29 поени. Интересно е дека токму овие двајца кошаркари се поврзуваа со размената на Кајри Ирвинг, но менаџментот реши да ги задржи и тоа сега се покажува како исправен потег.

Далас моментално е на шестото место на Западот со 28 победи и 26 порази, додека Јута е на десетото место со 27 победи и 28 порази.

Резултати на останатите мечеви кои се играа утрово: Детроит – Бостон  99:111, Вашингтон – Кливленд 91:114, Бруклин – ЛА клиперс 116:124, Чикаго – Сан Антонио 128:104, Хјустон – Сакраменто 120:140, Голден стејт – Оклахома 141:114, Портланд – Милвоки 108:127.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести