Далас жестоко казнет затоа што „намерно“ ги загуби последните два меча од регуларниот дел во НБА

Челниците во НБА лигата го казнија Далас маверикс со 750.000 долари поради кршење на правилата за натпреварување во НБА. На последните два меча од регуларниот дел, Далас реши да ги одмора дел од најдобрите кошаркари, иако тимот уште имаше шанси да се избори за место во плејин средбите и потоа да брка плејоф.

Во НБА лигата тоа се нарекува „танкирање“, односно намерно губење натпревар, за да може да ја поправат позицијата за НБА драфтот. Далас едноставно не сакаше да игра во плејин средбите, затоа што во таков случај, својот прв избор на драфтот кој претстои ќе требаше да го препушти на Њујорк никс.

Во овој случај кога клубот воопшто не беше во Топ 10 во својата конференција, Далас доби право да го одбере пикот во првата рунда на драфтот и да го задржи во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести