Далеку се наградите – Поразот на Македонија од Бугарите ги шокира и играчите на Спортска прогноза

Поразот на Македонија од Бугарија на домашен терен е шокантен за сите нас, а очекувано ги изненади и сите прогнозери кои учествуваа во шестото коло на Спортска прогноза што ја организираат Sport Life и Спорт Манија веќе петта сезона по ред.

Само 1,51 процент од играчите што го прогнозираа шестото коло погодија дека Бугарија ќе победи во Скопје, што заедно со дел од останатите резултати ги уништија надежите на прогнозерите за да се погоди Тринесетка.

Со поразот на Македонија, прогнозерите најмногу ги изненади и победата на Словенија против Норвешка, а погодија само околу 5 отсто од учесниците во бесплатната игра.

Максимумот на најдобрите прогнозери во ова коло беа 9 погодени натпревари, што е недоволно да се доделат награди, па сега останува да се чека нова шанса.

Двојките за седмото коло ќе бидат објавени денеска, околу 14 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести