Дали Арсенал ќе успее да излезе од црната серија, губи по првиот дел и во Бирмингем (Видео)

Астон Вила води со 2:1 против Арсенал по првото полувреме во натпревар од 24-тото коло од Премиер лигата.

Топчиите се наоѓаат во серија од четири натпревари без победа, забележаа три порази и едно реми, а во првите 45 минути на „Вила Парк“ најавуваат тешко второ полувреме за Арсенал.

https://twitter.com/i/status/1626924574385250306

Оли Воткинс уште во петтата минута погоди за водство на Астон Вила, но Арсенал во 16-та минута успеа да дојде до израмнување. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Букајо Сака.

https://twitter.com/i/status/1626926519317659648

Домаќините во 31-та минута повторно дојдоа во водство благодарение на голот на Филипе Кутињо кој на најдобар начин ја круниса одличната тимска акција.

 

- Оглас -

Најнови вести