Дали Дајер си ги изми рацете по посетата на тоалетот? (Видео)

Ерик Дајер беше главна ѕвезда на синоќешниот меч помеѓу Тотенхем и Челзи од Лига купот на Англија, но не поради играта која ја прикажа, туку по напуштањето на теренот кога замина во тоалет по мала нужда. Мурињо трчаше по него да му каже да побрза со враќањето на терен, мисијата беше успешна и Тотенхем победи на пенали, едниот погодок во пенал-рулетот беше на Дајер.

Единствената утка во пенал-серијата ја имаше Мејсон Маунт од Челзи, па Дајер по мечот го тешеше Маунт допирајќи го со рацете по лице. Фановите се прашуваат дали Дајер имал време да си ги измие рацете по посетата на тоалетот или го допираше Маунт со нечисти раце?

- Оглас -

Најнови вести