Дали е можно, и преостанатите осминафинални мечеви од ЛШ ќе се играат во Лисабон!?

Германскиот „Билд“, кој прв објави дека завршницата од Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, а не во Истанбул, сега објавува дека во главниот град на Португалија не само што таму би се играле финалето, полуфиналињата и четвртфиналните мечеви, туку и преостанатите четири реванш-средби од осминафиналната рунда. Веројатно ова е само предлог кој нема да им се допадне на три големи клуба.

Можеби на Баерн донекаде му е сеедно каде ќе игра против Челзи, бидејќи во Лондон извојува убедлива победа од 3-0 која сигурно го носи во следната фаза. Но, Јувентус, Барселона и Манчестер сити сигурно би биле против и тие, секако, многу повеќе би сакале да си играат на своите стадиони, макар и без публика.

Јуве треба да брка негатива од 0-1 против Лион, Барса има 1-1 од гостувањето кај Наполи, додека Манчестер сити го победи Реал во Мадрид со 2-1 и дома се надева на потврда на пласман во четвртфиналето. Сепак, ако се игра во Лисабон, ситуацијата би се сменила. Шансите на Лион, Наполи и Реал ќе се зголемат.

Останува да се види како ќе изгледа завршницата и кога ќе се игра. УЕФА на 17-ти јуни треба да донесе одлука околу изгледот на ЛШ и календарот. Засега сигурно е само дека ќе се игра во август.

- Оглас -

Најнови вести