Дали е на повидок нов шок по хаосот на „Маракана“, Аргентина ќе остане без селекторот?!

Актуелниот светски шампион Аргентина по победата над најголемиот ривал Бразил, и тоа на култната „Маракана“, може да остане без селекторот Лионел Скалони.

Само неколку часа откако во тензичен натпревар на кој му претходеше полициска реакција кон аргентинските фанови на трибините, Скалони изјави дека размислува да си поднесе оставка од селекторската функција.

„Сега е момент да се застане на топката и да се размили за сè. Овие играчи ми дадоа многу, но морам да размислам за својата иднина. Ова не е збогум, но притисокот е огромен и за него е потребно многу енергија. Затоа е тешко да се продолжи во вакви услови, посебно да продолжиме да победуваме. Морам да размислам, на екипата ѝ е потребен тренер кој може да вложи максимална енергија“, изјави Скалони.

Скалони минатата година со Аргентина триумфира на Светското првенство во Катар, а пред две години победи и на Копа Америка.

- Оглас -

Најнови вести