Дали е на повидок сензационален камбек на Тухел?!

Томас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен и негова главна цел е да се врати во Премиер лигата.

Според германскиот магазин „Билд“, Тухел е пред сензационален камбек во Челзи, со кого во 2021 година триумфира во Лигата на шампионите. Но, следната сезона, откако Сините ги купи американскиот милијардер Тод Боли, Тухел доби отказ само по два месеца иако немаше лоши резултати.

Оттогаш Боли и неговите соработници не успеваат да пронајдат тренер кој ќе ја врати екипата на победничките патеки и во битката за трофеите им дадоа шанса на Греам Потер, Франк Лампард и на Маурисио Покетино, но резултатите изостанаа.

„Според „Билд“, управата на Челзи наводно жали за отказот што му го даде на Тухел и е подготвена да преговара за негово враќање на „Стемфорд бриџ“, а и Тухел нема ништо против оваа идеја.

Тухел само за 100 меча на клупата на Сините успеа да триумфира во Лигата на шампионите, на Светското клупско првенство и да победи во Супер купот на УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести