Дали е ова една од најсрамните одлуки во историјата на тенисот?

Со 26 победи во 26 меча, Новак Ѓоковиќ имаше перфектна 2020 година. Србинот победи на сите мечеви кои ги одигра и ги освои сите турнири на кои настапи. Ноле беше и голем фаворит за триумф и освојување на Отвореното првенство на САД, но вечерва се случи чудо.

Ѓоковиќ го загуби дуелот против шпанскиот тенисер Пабло Карено-Буста и тоа не на теренот, туку со службена одлука од организаторот. Што се случи? Се играше првиот сет кога по еден завршен поен, Ѓоковиќ не гледајќи каде го удира топчето, го погоди линискиот судија директно во главата.

Се работеше за жена која не успеа да го издржа ударот и падна на земјата. Ноле веднаш притрча, а тука беше и лекарот. Иако очигледно беше дека повредата беше ненамерна, одлуката беше дека Ѓоковиќ постапил непрофесионално и затоа доби дисквалификација.

Целата ситуација за тоа што се случи во спорните моменти може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести