Дали ова е најава дека Нејмар ќе игра во Премиер лигата? (видео)

Најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, на својот канал на „Јутуб“ одговараше на прашања поставени од неколку свои фанови, како и познати фудбалери, како Луис Суарес, Бенџамин Менди и својот сонародник Габриел Жесус.

Токму бекот на Манчестер сити му постави интересно прашање: „Дали еден ден ќе играш во Премиер лигата?“, па Нејмар му одговори: „Премиер лигата е една од најсилните лиги во светот. Не знам што може да се случи утре или во блиска иднина, но секој врвен фудбалер сака да игра во таа лига, барем еднаш во кариерата“, истакна Нејмар.

Видеото брзо се рашири на социјалните мрежи, па некои го толкуваат ова како најава на Нејмар дека еден ден ќе се пресели во Премиер лигата. Прашање е само кој клуб ќе се осмели да исплати астрономска сума за Бразилецот.

https://www.youtube.com/watch?v=ZZLhMPn9NQc

- Оглас -

Најнови вести