Вардар и Шкендија имаат сличен распоред до крајот, еве со кого играат до крај

По денешниот пораз на Шкендија на свој терен против Башкими, Вардар е блиску до освојување на шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, но работата е далеку од завршена. Вардарци имаат солидни четири бода предност на четири кола до крај, што значи во игра се 12 бода.

Титулата може да се решава во последното коло, кога се игра големото дерби на двата водечки тима, но може да биде готово уште пред да одигрувањето на последното коло ако Вардар ги добие трите меча, а Шкендија киксира во наредните три рунди.

Вардар и Шкендија имаат сличен распоред бидејќи треба да играат со Силекс и Струга Трим Лум. Вардар во следното коло гостува кај Башкими, кој денеска одигра храбро и ефикасно во Тетово, но ќе нема публика во Куманово.

Шкендија е во игра и за трофејот во Купот на Македонија. Таму шансите им се добри, а ако не бидат прваци во лигата, веројатно клучни ќе бидат нивните домашни порази од Пелистер и Башкими во текот на месецов. Од четирите порази на Шкендија, дури три се на домашен терен. Вардар има само два порази, по еден дома и на гости.

РАСПОРЕД:

ВАРДАР

Башкими (г)

Силекс (д)

Струга (г)

Шкендија (д)

 

ШКЕНДИЈА

Силекс (г)

Струга (д)

Брера Струмица (д)

Вардар (г)

- Оглас -

Најнови вести