Башкими во Тетово ја совлада Шкендија со 3-2 и направи огромен чекор кон опстанок, а овој пораз за тетовци е голем чекор назад во трката со Вардар за титулата.
Сега Вардар има четири бода предност во однос на Шкендија, а останаа само уште четири кола. Во последната рунда на 23 мај, Вардар ќе ја пречека Шкендија.

Никел Ор со два гола, од кои едниот феноменален, беше јунак на кумановските Црно-зелени, а Шкендија беше жртва и на ВАР-технологијата, им беше поништен гол поради офсајд. Замерки имаа и за третиот гол на Башкими, на кој делуваше дека има офсајд, но судиите го признаа.


