Дали е ова подарок на денот? Кошаркарот кој на претходните три меча двапати даде 50 поени и еднаш 42, сега е на граница од 30 поени!

Возбудувањата во НБА-лигата кулминираат, иако се работи уште за првото коло од плејофот. Денвер и Јута ноќва ќе играат мајсторка, односно седми решавачки дуел. Победникот од овој меч ќе се радува на пласман во полуфиналето на Западната конференција, додека за поразениот тим ќе заврши сезоната.

Според досега прикажаното, двете екипи имаат речиси еднакви шанси за победа. Јута водеше со 3:1 во победи, па фактот дека Денвер успеа да се врати и да стигне до 3:3, дава психолошка предност за Нагетс.

Донован Мичел е главниот адут на Јута и многу работи може да зависат од неговата игра. Границата за бројот на поени на Мичел е 33,5 поени, а колку за информација, на претходниот дуел тој застана на бројката од 44 поени.

На спротивната страна, Денвер ги има Никола Јокиќ и Џемал Мареј. Освен со поени, српскиот центар знае да биде одличен и по бројот на додавања и скокови, па ако се разигра, може да очекуваме и трипл-дабл. Освен само на поени, може да се игра и на остварени асистенции или скокови.

Мареј е главниот кошгетер на Денвер, кој според бројот на поени во претходните три меча, испиша историја. Првата ѕвезда на тимот на двапати даде по 50 поени и еднаш стигна до бројката од 42 поени. Претходно во историјата на плејофот имало само петмина играчи кои во една серија двапати стигнувале до бројката од 50 поени. Со 142 поени на последните три меча, Мареј застана веднаш зад легендарните Џери Вест и Мајкл Џордан, кои успеале во три меча по ред во плејоф-дуели со еден ист ривал да постигнат над 142 поени. Границата за Мареј сега е на 30,5 поени, што делува како чист подарок за плус поени на играчот на Денвер.

Во Sport Life може да ги видите сите игри што ги нуди за НБА плејоф-мечевите.

 

- Оглас -

Најнови вести