Дали е ова подарок на денот? Во седум меча ги победиле пет пати, а сега според коефициентите се аутсајдери

Женското ракометно Европско првенство денеска нуди пет интересни меча, но сепак еден е во центарот на вниманието. Шпанија ќе игра против Шведска во дербито на денот. Швеѓанките сигурно започнаа на шампионатот и со четири разлика славеа против Чешка. За разлика од нив, селекцијата на Шпанија претрпе тежок пораз од Русија со 31:22 и сега мора да „се вади“.

Ракометарките на Шпанија се актуелни светски вицешампионки од Мундијалот од минатата година, па затоа и вечерва ја имаат улогата на фаворити, барем кога се гледаат коефициентите. Сепак, ако се погледне традицијата, Шведска треба да победи. Во седумте последни меча на овие две селекции во последните 14 години, Шведска има пет победи, еден меч завршил нерешено, а Црвената фурија се има израдувано само на еден триумф.

Затоа, доколку сте љубител и следбеник на традицијата, Шведска би требало да нема проблеми да стигне до вториот триумф на првенството, а коефициентот во Sport Life за такво нешто е одличен.

Во останатите мечеви денеска ќе играат: Полска – Романија, Чешка – Русија, Германија – Норвешка и Холандија – Србија.

Во вчерашните мечеви постигнати се следните резултати: Франција – Црна Гора 24:23, Унгарија – Хрватска 22:24 и Данска – Словенија 30:23.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести