Дали е време за разделба? Удинезе броеше до четири ама Несторовски повторно преседе на клупа

Илија Несторовски речиси и да не добива шанса во Удинезе по враќањето од повредата.

Македонскиот репрезентативец ја преседе победата на својот тим над Каљари од 4:0.

Делуфеу со два гола (45′, 69′), Макенго (4′) и Молина (50′) стрелаа за гостите, кои што дојдоа до првата победа во Серија А по седум натпревари.

Со тоа, Удинезе се искачи на 14-то место во Италија и дојде до бројката од 20 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести