Дали Ферари го добива новиот Михаел Шумахер?

Французинот Шарлс Леклер како прв ќе стартува на денешната Ф1 трка за големата награда на Сочи во Русија. Леклер имаше четири десетинки пред Луис Хамилтон, додека од третото место ќе стартува Себастијан Фетел.

Леклер по четврти пат во низа стигна до пол позицијата, нешто што на Ферари му се нема случено цели 19 години. Последен пат со болид на Ферари до четири пол позиции има стигнато Михаел Шумахер во 2000 година. Кога тоа му успеало на Шумахер, Леклер имал само две години.

https://twitter.com/F1/status/1178037914124423168

„Се чувствувам одлично. Секогаш е добро кога се тргнува од пол позицијата, но ништо не е завршено. Треба да се фокусирам на трката. Тоа е најважното“, вели Леклер, кој полека но сигурно се истакнува со својот квалитет и тркачки способности.

Трката ќе започне во 13 часот, а комплетната понуда за обложување на Ф1 трката во Сочи може да ја најдете на Sport Life.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести