Дали и Барса е на ред? Мората за секој свој клуб вели дека му е сон да игра за него (Видео)

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората би можел во зимскиот преоден рок да се пресели во Барселона и би станал еден од ретките фудбалери кои играле за трите најголеми шпански клубови, Реал, Барса и Атлетико.

Мората е мадридско дете, роден е пред 29 години во шпанската престолнина, а според шпанските медиуми, клучот за неговата можна преселба на „Камп ноу“ е кај Антоан Гриезман, кој е позајмен од Барселона во Атлетико Мадрид. Мората е играч на Атлетико, но на позајмица е во Јувентус и игра во Италија.

Интересно за Мората е што тој за кој клуб и да потпише, секогаш изјавува дека сонувал да игра за тој клуб.

Серијата почна во 2014 година, кога Мората изјави дека сонувал да игра за Јуве. Потоа се врати во Реал и, секако, рече дека сон му е да игра за неговиот сакан Кралски клуб, а една година подоцна, кога премина во Челзи, кажа дека уште од дете сакал да игра и да дава голови за Челзи. Во 2019 година „призна“ дека секогаш бил фан на Атлетико Мадрид, а кога го позајмија во Јуве, кажа дека исполнување на сонот му е враќањето таму. Дали на ред е Барса?

- Оглас -

Најнови вести