Дали им се врши притисок пред мечот? Венецуела не успеа да тренира на теренот во Сантијаго

По 11 одиграни кола во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство во Катар, јасно е дека Чиле и Венецуела се во подредена ситуација. Чиле има освоено само 10 бода, а Венецуела е на дното од табелата само со седум бодови досега. Токму овие две селекции ќе играат меѓу себе во Сантијаго де Чиле.

Домаќините ја имаат улогата на фаворити, посебно ако се знае дека победиле петпати во последните шест меча со овој ривал. Дуелот се игра утревечер, а од таборот на гостите се пожалија дека имале непријатно искуство. Челниците на Фудбалската федерација на Венецуела се пожалија дека на фудбалерите не им било дозволено да тренираат на теренот на кој ќе се игра мечот, наводно поради протоколите за корона-вирусот.

Гостите тврдат дека сите имале регуларни документи за негативни тестови на корона-вирусот, но домаќините од Чиле тврдат дека не било така. Неколку фудбалери имале проблеми со предадените документи и затоа не им било дозволено веднаш да го напуштат хотелот.

По неколку часа чекање, на гостите од Венецуела им било дозволено да излезат од хотелот, но тогаш веќе бил поминат терминот за тренинг.

„Бодовите треба да се освојат на терен, а не надвор од него“, беше пораката на потпретседателот на Фудбалската федерација на Венецуела, Хосе Антонио Куинтеро.

 

- Оглас -

Најнови вести