Дали Јувентус ќе зажали што го купи Роналдо?

Кога летоска беше потврдено дека Кристијано Роналдо за сума од 117 милиони евра ќе го засили Јувентус, тоа беше вест на годината на трансфер пазарот. Иако се чинеше дека дадените пари се премногу за играч кој има 34 години, „старата дама“ ги врати парите и тоа само од продажба на дресови.

Освен што го исплати трансферот, со доаѓањето на Роналдо неверојатно скокна вредноста на Јувентус на светската берза порасна за 26 отсто (од 620 на 825 милиони евра). Во првите осум меча во дресот на Јуве, Португалецот има три погодоци и пет асистенции.

Ако до сега, трансферот на Роналдо на Јувентус му носеше само корист, сега почна да има контра ефект. По скандалот со силувањето во кој во главна улога е Роналдо, вредноста на акциите на клубот паднаа за 13 отсто. Португалецот се сомничи дека во 2009 година во Лас Вегас силувал студентка. Американската полиција отвори истрага, а доколку се докаже дека е виновен, Кристијано може да добие повеќегодишна затворска казна.

 

- Оглас -

Најнови вести