Дали Македонија на ракометното СП ќе игра во Полска или Шведска, еве каде може да ја гледате ждрепката

Машката ракометна репрезентација на Македонија, денеска ќе ги добие противниците со кои ќе треба да игра на Светското првенство во јануари. Ждрепката која ќе се влече во полскиот град Катовице, е закажана со почеток во 17 часот.

Ракометниот Мундијал ќе се игра во Полска и Шведска. Maшката репрезентација на Македонија ја очекува осмиот настап на СП, а нашите ракометари се во вториот шешир.

Тоа значи дека ги избегнуваат Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Црна Гора, Бразил и еден од домаќините, Полска, а нема да играат ниту против Франција и африканскиот првак. Во комбинација за градови во кои може да игра нашата селекција остануваат Краков, Катовице, Гетеборг, Јончепинг и Малме.

Ждрепката ќе се пренесува во живо на Јутјуб каналот на Интернационалната ракометна федерација, ИХФ.

На 18-ти јули кога ќе заврши Африканското првенство, ќе се знаат сите учесници на СП 2023. Во последниот шешир се сместени Словенија и Холандија кои добија вајлд-карти, па може да има и барем една „група на смртта“.

При денешната ждрепка, во Шешир број 1 се: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, претставник од Африка 1

Шешир 2: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија

Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Африка 3, Чиле

Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Кореја, САД, Холандија, Словенија.

Ждрепката може да се проследи на следниот линк:

- Оглас -

Најнови вести