Дали ова е доволен доказ дека Тен Хаг и следната сезона ќе го води Манчестер јунајтед

Со доаѓањето на сер Џим Ретклиф во Манчестер јунајтед како косопственик, постојано се шпекулира за судбината на менаџерот Ерик тен Хаг. Медиумите досега сметаа дека тој ќе биде сменет, но денеска се појавија информации кои го тврдат спротивното, односно дека Холанѓанецот ќе биде на „Олд Трафорд“ и следната сезона.

Управата на Манчестер јунајтед го вклучила Тен Хаг во планирањето за турнејата во САД налето, каде што екипата ќе се подготвува и ќе одигра неколку контролни натпревари пред стартот на новата сезона.

Според медиумите, уште еден доказ дека Тен Хаг и следната сезона ќе го води Манчестер јунајтед е тоа што управата во плановите за засилувањата во летниот преоден рок го вклучила и Холанѓанецот ќе биде еден од тие кои ќе се прашуваат за новите играчи.

Манчестер јунајтед сезонава игра послабо од минатата, моментно се наоѓа на шестото место на табелата во Премиер лигаа со 47 бода, девет помалку од Астон вила, која е четврта и се наоѓа на позиција која носи во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести