Дали ова е потврда дека Мане го саботира Салах? (Видео)

Ливерпул се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони, но англискиот тим нема да го одбрани трофејот во Премиер лигата, затоа што заостанува 25 бода зад лидерот Манчестер сити. Во последните 15 меча во сите натпреварувања Ливерпул има само шест победи и дури осум порази, а според некои навивачи, причина за слабата игра е тоа што Садио Мане не сака да му додава на Мохамед Салах во нападот.

Дека постои еден вид на недоразбирање на двајцата најдобри фудбалери на Ливерпул се зборуваше уште пред неколку недели, а сега се појави видео на кое се посочува како Мане го „саботира“ Салах.

На последниот дуел, Ливерпул на гости минимално со 1:0 победи против Вулверхемптон, а едно видео посочува за тоа како Мане не сака да му ја подава топката на Салах.

 

- Оглас -

Најнови вести