Дали по Русија, Израел ќе биде следниот исфрлен од сите натпреварувања!?

По започнувањето на воениот конфликт во Украина, речиси сите спортски клубови и институции беа суспендирани од меѓународните натпреварувања. Оваа одлука на спортските федерации е како казна за воената интервенција на Русија врз Украина.

Сепак, многумина се прашуваат дали светските федерации имаат двоен аршин во оваа ситуација. Санкции никогаш немало за САД иако американската војска не ретко имала воени интервенции на туѓа територија. Тоа се однесува и за Израел, а египетскиот репрезентативец Мохамед Абутрика праша дали сега и Израел ќе биде исклучен од меѓународните натпреварувања.

„Одлуката за суспендирање на Русија и нивните тимови од сите натпреварувања мора да биде испратена и со забрана за Израел, земја која со години убива жени и деца во Палестина. Користите двојни аршини“, беше коментарот на Абутрика на социјалните мрежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести