Дали сините се најголеми малери или белите најголеми среќници? (видео)

Младинските категории во Португалија стартуваа со обврските во новата сезона, а вчера се сретнаа У23 екипите на Фамаликао и Виторија Сетубал.

Најголемото возбудување од тој меч може да се види во видеото кое трае само 10 секунди, а што сè не се случи во тој краток период. При една нафрлена топка, гостите имаа шанса за погодок. Топката прво удри во дирекот и се одби од главата на голманот, а потоа вториот удар заврши во пречката. Гостите немаа ниту трета среќа и последниот шут заврши позади гол-аут линијата.

Па според вас, во оваа комична сцена дали белите имаат повеќе среќа или, пак, играчите во сини дресови се најголемите фудбалски малери?!

https://twitter.com/visaojogo/status/1164239695867514886

- Оглас -

Најнови вести