Дали Сити крева раце од Меси? Сега го „врбуваат“ Хари Кејн со 90 милиони фунти

Весникот „Дејли мејл“ објави вест дека Манчестер сити ќе се обиде да го купи капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, и за него на Тотенхем би му платиле 90 милиони фунти.

Со овој потег, Граѓаните веруваат дека би нашле соодветен наследник на нивниот прв стрелец во историјата, Серхио Агеро, кој веќе не е она што беше. Но, ова може да се толкува и дека можеби клубот крева раце од ангажирање на Лионел Меси, бидејќи просто невозможно е поради финансискиот фер-плеј да се купат и Кејн и Меси во ист преоден рок.

Кејн сезонава игра одлично, на 15 меча во Премиерлигата има 9 гола и 10 асистенции, па менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, посакува таков играч да има во својот тим. Кејн нема освоено трофеј во кариерата, а веќе има 27 години. Кејн пред некој месец изјави дека би си заминал од Тотенхем ако види дека клубот не напредува, но сезонава играат добро и предводени од менаџерот Жозе Мурињо, уште се тркаат за титулата, иако во последните четири кола освоија само два бода.

- Оглас -

Најнови вести