Дали следи раскол во тенисот? Ѓоковиќ контра Надал и Федерер формираше свој „клан“

Новак Ѓоковиќ неодамна поднесе оставка на местото претседател на АТП Асоцијацијата на играчи и реши да формира ново Здружение. Новото Здружение на професионални тенисери (ПАТП) беше формирано и промовирано денеска.

„После вчерашниот успешен состанок, возбудени сме што може да го објавиме стартот на работата на Здружението на професионални тенисери. Тоа е првата асоцијација во која членуваат само тенисери уште од 1972 година“, објави Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Целта на ПАТП е да се заштитат правата на тенисерите, а здружението заедно со Ѓоковиќ го формираше и Канаѓанецот Васек Посписил. Формирањето на ПАТП здружението не доби поддршка од Рафаел Ладан и Роџер Федерер, но Новак не беше многу разочаран што во неговото Здужение ги нема овие две тениски легенди.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести