Дали смееја играчите на Ленс да се гушкаат со навивачите?

Околу 5.000 навивачи на стадионот во Ленс беа сведоци на победата на домашните од 1-0 против првакот ПСЖ, а во занесот на радоста, играчите и фановите заборавија на правилата за социјална дистанца, па по голот, заедно прославуваа прегрнувајќи се. Немаше ни држење дистанца од два метри, ниту ништо, радоста за постигнатиот гол против Светците беше поголема од стравот дека може да се заразат.

Празните стадиони никому не му се допаѓаат, но поради корона-вирусот, играњето без публика е побезбедно. Сепак, Французите решија делумно да ги отворат вратите, па синоќа имаше 5 илјади луѓе распоредени на сите четири трибини.

Парижаните за поразот го обвинија календарот на Лига 1. ПСЖ, кој кон крајот на август играше финале на Лигата на шампионите, не доби време за одмор и подготовки како другите екипи, па неговите ѕвезди на одмор „закачија“ корона-вирус и сега се во карантин и првакот практично играше со втор тим. На голот им беше третиот голман, кој направи кикс и му овозможи радост на Ленс.

- Оглас -

Најнови вести