Дали сте подготвени за еден од најважните денови во историјата на спортот?

Датумот 11 јули 2021 година, длабоко ќе се врежи во историјата на спортот како еден од најважните. Во неделниот супер-маратон ќе се играат три големи финалиња кои ќе испишат нови страници во фудбалот и тенисот за кои уште долго ќе се зборува.

Аргентина – Бразил (финале на Копа Америка, 02 часот)

Стартот на маратонот е во Рио, каде што на „Маракана“ ќе се сретнат Аргентина и Бразил во битка за престолот на јужноамериканскиот фудбал. Во четвртото меѓусебно финале на Копа Америка, Гаучосите предводени од Лионел Меси атакуваат на 15-ти трофеј во ова натпреварување, за да се изедначи со рекордерот Уругвај. Аргентинската суперѕвезда се надева дека ќе ја скрши клетвата и ќе освои трофеј со својата репрезентација, но се прашуваат Кариоките како актуелни бранители на континенталната титула.

Бразил има подобар биланс со 2-1 во победи кога во прашање се финалните дуели против Аргентина на Копа Америка. Бразил води и во вкупниот скор против најголемиот ривал со 43 победи на 107 средби, додека Лионел Меси е најдобар стрелец со осум гола.

Финалиња на Копа Америка:

1937 Аргентина 2-0 Бразил

2004 Бразил 2-2 Аргентина (4-2 на пенали за Бразил)

2007 Бразил 3-0 Аргентина

Дали Меси конечно ќе ги израдува Аргентинците, или пак Нејмар и дружината ќе играат самба за повторување на успехот од пред две години, е одлука која може да ја донесе сами доколку одберете од безбројниот избор на типови и комбинации во Sport Life.

Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини (финале на Вимблдон, 15 часот)

Целото внимание ќе се префрли во Лондон во попладневните и вечерните часови од недела. Прво тенисот ја презема главната улога, Вимблдон го очекува новиот, или старо-новиот шампион во финалето меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини.

Во 134-тото финале на неофицијалното светско тениско првенство во машка конкуренција, првиот светски рекет го брани пехарот, односно ќe се обиде да го освои по шести пат во својот седми финален настап во Лондон, откако Ѓоковиќ вчера го обезбеди 30-тиот пласман во финалињата на сите четири гренслеми. Доколку успее во тоа, Ѓоковиќ ќе се израмни со вечните ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал по 20 гренслем-титули и ќе ја разгори дебатата околу тоа кој е најдобар тенисер на сите времиња.

Човекот кој треба да го спречи тоа е првиот Италијанец-финалист во историјата на Вимблдон, Матео Беретини. Моментално деветтиот најдобар тенисер во светот за првпат во кариерата е во прилика да се бори за гренслем-титула, а негова евентуална сензација против апсолутниот фавоти може да ја најави италијанската доминација во англиската престолнина.

Првпат ќе се сретнат во финале, а Ѓоковиќ памети две победи над Беретини во исто толку пресметки. Италијанецот му беше жртва на најдобриот тенисер во моментов на патот кон титулата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ славеше со 3-1 во сетови (6-3, 6-2, 6-7 7-5) во четвртфиналето. Првиот триумф го памети во 2019 година на финалниот АТП турнир со 6-2, 6-1.

Sport Life секако ја подготви понудата за ова финале во кое Ѓоковиќ по сите критериуми е голем фаворит, но затоа повисоките квоти се создадени за обложувачите кои целат на изненадувања.

Италија – Англија (финале на ЕП 2020, 21 часот)

Ако финалето на Вимблдон е шлагот на тортата, црешата на врвот е европското финале меѓу Англија и Италија. „Вембли“ ќе ги отвори портите за двете најдобри репрезентации на Стариот Континент, а само една владее со фудбалот во наредните три години.

Во 16-тото издание на Европското фудбалско првенство, Гордиот Албион практично е домаќин во своето прво историско финале на големото натпреварување, а тоа воопшто не им пречи на разиграните Аѕури кои во голем стил се изборија за четврто финале во потрага по втората европска титула.

Гледајќи ги сите меѓусебни дуели, Италија води со 11-8 во победи, додека осумпати немало победник на вкупно 27 . По третпат во историјата ќе се сретнат во меч од ЕП, а Италија претходно двапати славеше со 1-0 во 1980 година во групната фаза, па по долга пауза во четвртфиналето од ЕП 2012 на пенали.

Последни пет меча Италија – Англија:

2018 Англија 1-1 Италија (пријателска)

2015 Италија 1-1 Англија (пријателска)

2014 Англија 1-2 Италија (Светско првенство)

2012 Англија 0-0 (2-4 пенали) Италија (Европско пренство)

2002 Англија 1-2 Италија (пријателска)

Коефициентите во Sport Life велат дека сепак Англија ќе влезе како фаворит во ова финале, но разбирливо е да се разгледаат сите опции пред конечното типување околу тоа кој ќе го преземе тронот од Португалија.

- Оглас -

Најнови вести