Дали знаете зошто Ел Класико во последните пет сезони се игра на речиси идентични датуми?

Најголемото фудбалско дерби на светот, Ел Класико, меѓу Барселона и Реал Мадрид е најочекуваниот натпревар во годината секоја сезона, а во последните неколку сезони може да се предивиди и точниот датум на одигрување на средбата. Ла Лига веќе неколку години дуелот меѓу двата најголеми и најславни шпански клубови го организира на слични датуми.

Во сезоната 2018-19, Ла Лига воведе асиметричен календар за да можат поради телевизиските преноси максимално оптимално да ги состават точните времиња и датуми на одредени натпревари. Целта на реформата беше највеќе да се прилагоди датумот на Ел Класико, односно Ла Лига сакаше датумот на најголемото фудбалско дерби се да игра што е можно поблиску до средината на првата, односно до средината на втората полусезона.

Со воведувањето на асиметричниот календар, Ла Лига направи првото сезонско Ел Класико да се игра октомври, кога и двете екипи веќе влегоа во натпреварувачки ритам, а второто дерби се игра во март кога во полн ек е борбата за титулата, со што се гарантира дека реваншот често ќе биде и решавачки за одредуваше на шампионот.

Во последните пет сезони Ел Класико се играше во првата полусезона помеѓу 7. и 10. коло од шампионатот, во последните три падна точно во десеттото коло, а во останатите две сезони на одредувањето на датумот на дербито влијаеја конкретни ситуации.

Во сезоната 2020-21 се играше во 7. коло бидејќи тоа беше сезона која започна подоцна бидејќи претходната беше прекината на неколку недели поради пандемијата на коронавирусот. Сезонава ќе се игра во 9. коло од шампионатот бидејќи календарот на фудбалската сезона мораше да се смени поради Светското првенство во Катар.

Асиметричниот календар ги ослободува тимовите да играат во исто време во втората половина од сезоната и овозможува Ел Класико да се игра на најзгодниот можен начин, односно некаде кон крајот на октомври и викендот пред неделата во која нема натпревари во ЛШ.

Датумот во втората половина од сезоната е избран за да не биде премногу доцна и евентуално да биде познат шампионот. Ова е за да се избегнат сценаријата од 2018 година, кога мечот меѓу Барса и Реал се играше во последното коло од шампионатот и резултатски немаше никакво значење бидејќи Барселона веќе ја обезбеди титулата.

Оттогаш второто Ел Класико во сезоната се игра 26. и 30. коло во сезоната, а оваа сезона е закажан за 26. коло, односно кон средината на март.

- Оглас -

Најнови вести